Пендаровски: Ги осудувам заканите насочени кон новинарите и медиумските работници

На новинарите да им се овозможи да работат за јавниот интерес, со што граѓаните ќе можат да го остварат своето право на слободно и навремено информирање, се вели во постот на Пендаровски.

Најостро ги осудувам заканите и насилството од кој било вид, насочени кон новинарите и медиумските работници. Изминативе денови сме сведоци на физичко и вербално насилство и закани на социјалните мрежи. Ги повикувам надлежните институции веднаш да спроведат истраги и соодветни дејства и што поскоро да ги решаваат ваквите случаи, напиша на својот фејсбук профил претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

„Новинарите и останатите медиумски работници потребно е да бидат ослободени од страв, со цел непречено да ја извршуваат својата работа. Критичката мисла на јавноста е значаен показател за степенот на развој на демократската дебата. Не смееме да дозволиме да се загрозува слободата на информирање. На новинарите да им се овозможи да работат за јавниот интерес, со што граѓаните ќе можат да го остварат своето право на слободно и навремено информирање“, се вели во постот на Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот