Пендаровски: Демократијата е во сериозна опасност кога довербата во институциите е мала

Пендаровски фото МИА

Нашиот развој од независноста до денес го ограничуваа многу фактори, а дел од цикличните кризи беа предизвикани од екстерни фактори врз кои ние имавме мало или никакво влијание. Но за лошите внатрешни состојби најголем дел од одговорноста паѓа на домашните политичари и политички партии, рече претседателот Стево Пендаровски во годишното обраќање во Собранието.

– Генерално, за неповолните внатрешни состојби во државата од кои граѓаните во висок процент не се задоволни, реално, најголем дел од одговорноста паѓа врз грбот на домашните политичари и политички партии, почнувајќи од првите гарнитури во раните 1990-тите, па сѐ до нас, денес, кои сме на чело на институциите на централно и локално ниво. Кога довербата во институциите е на ниско ниво, демократијата е во сериозна опасност, порача Пендаровски.

Според него, во таков амбиент популизмот и авторитарните тенденции кои се во подем, полесно ја реализираат својата цел, бидејќи демократијата не покажува доволно ниво на отпорност.

– Кога клиентелизмот и партиската лојалност се критериум за вработување и напредување во кариерата, не треба да изненадува слабоста на институциите. Политичките и физичките блокади кои ги гледаме во главниот град во изминативе месеци, сигурно нема да бидат последни, додаде претседателот Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот