Фото: ФК Силекс

Пелистер немоќен во Кратово, Силекс се израмни со Вардар и Шкендија

Екипата на Силекс по трите порази во првенството, сега успеа да врзе две победи откако денеска го совладаа Пелистер на свој терен со 3-1.

Кратовци уште од самиот старт го наметнаа својот ритам и покажаа дека имаат јасна намера да ги освојат трите бода. Португалецот Пиреш неколкупати се најде во добра позиција, но водството за домаќините го донесе Дарко Додев во 19. минута.

До крајот на првиот дел Силекс имаше уште неколку шанси за зголемување на предноста, но резултатот остана непроменет. Во продолжението,идентична слика: домашниот тим доминираше, а Пелистер делуваше несигурно и без вистинска организација во одбраната. Таквата игра повторно ја искористи расположениот Додев, кој во 54. минута постигна уште еден гол за 2-0.

Иако се чинеше дека мечот ќе заврши без неизвесност, искусниот Стефан Спировски во 71. минута погоди за 2-1 и внесе мала доза на драматичност. Сепак, Силекс не дозволи изненадување и во самиот финиш Миљан Говедарица во 87. минута се погрижи за конечните 3-1.

Силекс на табелата е трет о 21 бод, колку што имаат Вардар и Шкендија кој својот меѓусебен натпревар ќе го играат в поенделник, Пелистер од друга страна е 10-ти со само седум бода по 10 кола.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот