Пелистер и третпат го победи Еуро Никел за пласман во полуфинале

Фото: КФСМ

По двете победи на домашен терен во Битила, кошаркарите на Пелистер стигнаа и до третиот и решавачки поен во четвртфиналнаат серија против Еуро Никел 2005, на гостински терен. Делуваа посигурно, имаа постојано водство, во добар дел од мечот во „Јасмин“ беше и двоцифрено, сето тоа доволоно за да ја затворат, по „кратка постапка“, серијата со (3-0). и да закажат полуфнална серија против екипата на Работнички.

Првото полувреме помина во знакот на гостите од Битола. Имаа постојана предност битолчани во текот на тие 20.минути. Во првите десет имаа вишок од пет поени (20:15), а  во вторите, таа разлика ја удвоија, дури и повеќе од тоа.

Тимот кој го предводи тренерот Дарко Радуловиќ на „големиот одмор“ отиде со високи (42:30). Во голема мерка поради ефикасната игра на двоецот Маслинко-Планиниќ кои искомбинираа 25. поени во тој дел од третиот четвртфинален серијал. Но и ол-раунд изданието на Магдевски, кој собра четири поени, пет скока, и дури шест асистенции (играше неполни 12.минути).

Второто полувреме донесе многу подобра игра на кавадарчани. Го отворија со шест поени во серија на Врањеш… Следуваше една тројка на Смит Мек Свејн, и уште две на Дубински, и за неколку минути Еуро Никел 2005 стигна до израмнување (45:45).

За кратко, затоа што дојде и серијата на битолчани, од осум поени по ред, за враќање на солидна предност, (53:45). Успеаја пелистерцид а го одбијат тој напад на домаќините, а што беше исто добро за нив, во напасот „се појави“ и Мијовиќ, кој за кратко време дојде до 12.поени (макар седу мо од нив од линијата за слободни фрлања), и чување на водството (62:53), по три одиграни четвртини во „Јасмин“.

По три и пол минути игра во четвртиот период, Пелистер направи серија (10-4) по која се одвои на највисоки (72:57). А Магдевски сериозно се приближи до трипл-дабл ефект. Веќе имаше 13.поени, но и по осум скока и исто толку додавања.

Некоја минута подоцна веќе беа недостижни за Еуро Никел 2005, оние (60:79).

Пелистер во три чекори обезбедува полуфинале и серија со Работнички, кој синоќа го елиминира Феникс 2010, исто така во само три одиграни натпревари.

Магдевски застана на ефект од 18.поени, 10.скока и 8.асистенции, а претходно најголем дел од задачата завршија Планиниќ, кој имаше 19.поени и 7.скока, Маслинко, кој дојде до 18.поени и 9.скока, и Мијовиќ кој ги испрати со 14.реализации.

Во последниот натпревар во оваа сезона, Дубински реализираше 17.поени (и пет асистенции),Младеновиќ даде 12, а Смит Мек Свејн уште само десет поени за Еуро Никел 2005.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот