Пелегрини победи на претседателските избори во Словачка
Претходниот претседател на парламентот, Петер Пелегрини, кој е кандидат на владејачката коалиција за претседател на Словачка, победи во вториот круг од претседателските избори, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на речиси комплетните резултати од гласањето.
Препорачано
Со преброени 99,8 отсто од гласачките ливчиња, Пелегрини добил 53,20 отсто наспроти 46,80 отсто за неговиот проевропски противкандидат Иван Корчок, покажуваат податоците објавени од словачкиот Завод за статистика.
Тоа е голема сатисфакција. Сакам да бидам претседател кој ќе ги штити националните интереси на Словачка, рече Пелегрини во говорот пред своите поддржувачи.
Пелегрини увери дека сака да направи се за да може Словачка да остане на страната на мирот, а не на страната на војната.
Словачкиот опозициски претседателски кандидат Иван Корчок го призна поразот во гласањето и му честиташе на Пелегрини за победата.
Пелегрини официјално ќе ја преземе функцијата на 15 јуни.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
8час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


