„Пекол“ за Јанг Бојс, за еден ден распродадена „Маракана“ (ФОТО) – Слободен печат
СпортФудбал

„Пекол“ за Јанг Бојс, за еден ден распродадена „Маракана“ (ФОТО)

Фудбалерите на Црвена Звезда во вторник од 21.00 часот ќе го играат реваншот од ЛШ на домашен терен против Јанг Бојс, првиот дуел во Швајцарија заврши 2:2.

Резултатот на првиот дуел ги остава белградските „црвено-бели“ во подобра позиција за влез во групната фаза во Лигата на шампионите, така што и со 0:0 пред своите верни навивачи можат да ја остварат целта.

Но, секако српскиот шампион со таа голема поддршка од трибините со сите сили дефинитивно ќе оди на триумф и оствари нов историски успех.

Денеска од Црвена Звезда дојде и информација дека сите 50.000 илјади влезници се продадени и дека останаа уште само членови од клубот во ограничен рок да подигнат по една влезница за северната трибина.

За сопствениците на сезонски карти резервациите важат до недела, информираат од клубот. Без сомнение во вторник (27. август) очекуваме една пеколна атмосфера на „Маракана“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close