Пекарите алармираат: Работиме со загуба, се плашиме од целосен колапс на индустријата

unsplash
Фото: Unsplash

Горан Малишиќ од мелничко-пекарската индустрија во вечерашното гостување на ТВ24 рече дека во изминатите два месеца работат без заработка, на нула или во загуба.

Тој вели дека како индустрија „ќе издржат додека можат“.

– Ѝ го објаснивме тоа на Владата. Во индустриска пекарница што произведува од 15.000 до 100.000 лебови дневно, загубите се од 30.000 до 350.000 евра во зависност од големината на компанијата. Таа може да издржи два, три месеци… После тоа што правиме? Енормни се загубите“, појаснува Малишиќ, кој доаѓа од Групацијата Агроглобал.

Според него, мелничката индустрија ја поддржува мерката за замрзнување на цените на основните производи, но бараат поголема помош од Владата.

-Се плашам од тотален колапс на индустријата, вели Малишиќ.

Мелничарите и пекарите очекувале нивните аргументи да бидат слушнати во Владата, откако ја предупредиле дека ќе дојде до пореметување на пазарот.

– Не добивме ништо, туку само забрана за цените. Но, тука има и една несоодветна ситуација, се замрзнуваат цените на само десет производи, а се качува цената на струјата, која исто така е основна за граѓаните. Тука има дволичен однос кон целата индустрија. Ја информиравме Владата дека очекуваме и зголемување на цената на гасот кој нашата индустрија го користи и тоа се случи. Гасот се покачи и тоа се големи трошоци кои компаниите не можат да ги издржат, вели Малишиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот