Пекар од Тетово: Нека замеси министерот леб и нека го продава за 33 денари

Фото: Профимедиа

Јавус Дурак, сопственик на една тетовска пекара која произведува леб без адитиви кој се пече на дрва, видно револтиран од одлуката за замрзнување на цената на лебот. За него е нејасно како е можно да се замрзне цената на основниот производ, кога продуктите потребни за производство на лебот се двојно поскапи, а струјата и дрвата до плафон.

„Ако е 33 денари лебот, тогаш треба да биде и брашното поевтино. 16 денари беше брашното кога го продававме лебот 30 денари, а сега е 30 денари тип 500, а тип 400 е 32 денари, сега сум сигурен дека цената на брашното и натаму ќе се качува. Државата каде е?, нека дојде министерот нека замеси сам леб и нека продава. Ние сме како играчка, донеси го брашното 16 денари, нема проблем ќе го продавам лебот за 30 денари, брашното скапо, струјата скапа, еве јас со дрва работам, дрвата беа претходно 40 евра кубик, сега се 90 евра, значи двојно поскапи, се е поскапо, а лебот пак ниска цена, не бива така. Малборо цигари купуваат 130 денари, никој не се буни, за кафе 50 денари даваат, а лебот килограм под 50 денари и пак им скап“, вели Дурак.

Кризата највеќе удри по пекарите, а со тоа и врз обичниот граѓанин, додава тој.

„Министерот треба да ја знае состојбата, две јајца не купил во маркет. 55 години имам, од 5 години сум во пекара, речиси двојно имам искуство во овој бизнис од годините на министерот. Тој кога спие со семејството, ние работиме од вечер до сабајле. Пченицата се сади, се одгледува, се собира, оди во фабриката, се прави брашно, во пекарата се прави леб и ти памет ќе даваш, ние будали сме нели?, немаме памет. Народот дали фрла кашкавал?, не фрла, купува месо јаде и не го фрла, а леб земи и фрли го, одете во контејнерите колку има леб таму“, додава Дурак.

Пекарите ја остварија заканата: Ниту ронка од лебот со замрзната цена!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот