Пејачот Боби Павловски е во заблуда… (ВИДЕО)

Фото: Промо

„Заблуда“ е насловот на новата емотивната балада на Боби Павловски, која од вчера точно напладне е пуштена во етерот.

Станува збор за композиција со потписот на Еди Рамчевиќ, односно негово комплетно дело и со кого ова не е прва соработка, додека за видеото и овојпат се погрижи тимот на Tropical Lifeisfun, една од најбараните продукции во соседството во моментов.

Фото: Промо

Интересно е дека придружните вокали во песната ги пее веќе докажаната Ивана Селаков.

Кадрите во видеото, кое носи емотивна приказна како и самата композиција, се снимени на повеќе локации низ Белград и во нив освен Боби се појавуваат и момче и девојка кои всушност се носители на самото сценарио.

– Драги мои, ви ја претставувам „Заблуда“ мојата нова песна. Долго е работено на неа и не сакав да ја чувам за некои подобри времиња, туку сакам со неа барем малку да придонесам за разбивање на монотонијата. Се надевам дека ќе уживате во мојата нова песна и дека ќе ви помогнам барем малку да заборавите на мрачното секојдневие и на црните вести кои секојдневно стигнуваат до нас. Да останеме заедно во овие тешки денови со желби да сме живи и здрави и наскоро во живо да ја пееме “Заблуда”. Бидете добри!“ – вели Павловски.

Инаку, „Заблуда“ е веќе четврта песна на Павловски снимена на српски, и таа доаѓа под одличните „Метар дана“, „Тамо негде“ и „Самица“.

Уживајте во песната и останете домa…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот