Пејачката Елена Велевска јавно порача: Животот треба да продолжи, сме се избориле и со многу потешки ситуации од вирус!

Фото: Инстаграм

Познатата пејачка Елена Велевска синоќа на својот профил на Фесјбук напиша статус во кој апелира да се намалат мерките и дека овој народ поминал и низ многу полоши ситуации.

Повеќето нејзини пријатели ја поддржаа во тоа што го напиша, но се разбира има и такви кои се против она што таа го мисли.

– Престанете да не држите во страв.Ние сме се избориле со многу потешки ситуации од вирус.На луѓето им е потребна вистинска помош по здравствените установи, во кои е скоро недостапно да се обратат. Штетата е повторно по народот и психичка и материјална. Вистинските верници се плашат само од Бог, не од вирус. Животот треба да продолжи – вака гласи статусот на познатата пејачка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот