Пегави шарени јајца: Едноставна техника за фарбање која дава магичен резултат! (ВИДЕО)

принтскрин/јутјуб

Потребниот материјал е евтин и достапен на сите…

Пронајдовме техника која обичните јајца ги претвора во вистински мали уметнички дела!

Потребни ви се неколку прехрамбени бои за фарбање и верувале или не, неколку житарки или грицки, со кои се постигнува ефектот на прскање, односно пегичките.

Оваа едноставна техника ја измисли најпознатата домаќинка и блогерка на светот Марта Стјуарт.

Техниката е многу едноставна, па во неа може да учествуваат и вашите деца. Уште една предност е што е поволна, бидејќи не ви требаат специјални материјали, а ефектот е магичен.

Еве што ви е потребно:

– 12 хартиени чаши
– шака суви житарки, јаткасти плодови или мешунки (леќа, грав, јачмен, ориз, кикирики во лушпа, леблебија…)
– бои за фарбање на јајцата (избор по желба)
– алкохолен оцет
– тврдо варени јајца

Постапката погледнете ја во следното видео…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот