Печуркарите тријат раце, месарите едвај чекаат да заврши постот!

Овој зеленчук прв пламнува на пазарите, а трговците велат дека ако до пред некој ден продавале по две-три гајби дневно печурки, сега и десетина им се малку. Шампињоните се хит, цената им е пристојна, 200 денари рефус килограм, а едно пакување во маркетите оди и до 120 денари

Двојно е зголемена продажбата на печурки во време на постот. Колку ќе донесат, толку ќе продадат и тоа главно претпладне. Овој зеленчук прв пламнува на пазарите, а трговците велат дека ако до пред некој ден продавале по две-три гајби дневно, сега и десетина им се малку. Во некои од дуќаните уште рано изутрина ги снемува пакувањата во фрижидерите. Шампињоните се хит, цената им е пристојна, 200 денари кило, а едно пакување во маркетите оди и до 120 денари.

– Со печурките го заменуваат месото. Цената не им е зголемена, а по велигденските пости, продажбата ќе се врати во нормала – велат на зелениот пазар.

Од друга страна, месарниците се празни, понудата е голема, но купувачи речиси и да нема.

Никој не купува и сувомесни производи, сите се насочени кон зеленчук, се жалат месарите. Сепак, за оние што имаат пари и предвреме си ја планираат велигденската трпеза, се појавија првите јагниња чија цена е 599 денари што е речиси двојно поскапо од цената на јагнешкото за Божиќ. Дури и јагнешките главчиња сега чинат 69 денари, а дроп-сармата е 189 денари килограм.

И покрај критиките и нелегалноста, месарите не се откажуваат од врзаната трговија – ако сакате половина јагне, по истата цена ќе ви наплатат дропчиња или половина главче во зависност од тоа дали земате предно или задно бутче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот