Пауза во Собранието, опозицијата ја разгледува биографијата на Кацарска

Очекував барем малку доблест од Судскиот совет и владејачкото мнозинство, да слушнеме зошто Добрила Кацарска е предложена за уставен судија. Ова што денеска го промовирате е лоша пракса, зашто бирањето уставен судија не е бирање судија во втора лига фудбал, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешното продолжение на 20. собраниска седница.

Тој побара пауза од еден час за да ја разгледаат подобро, како што рече, биографијата на Кацарска.

Мицевски во процедурална забелешка координаторот истакна дека поради сериозноста на изборот на уставен судија, очекувал за Добрила Кацарска да проговори барем претседателот на Судскиот совет.

– Навистина очекував дека ќе слушнеме нешто повеќе за Кацарска наместо приложеново, извадено од Службен весник. Пред нас имаме буквално само одлуки, податоци од Службен весник и ниту збор повеќе за работата, кариерата, напредокот, позитивните и негативните страни на Кацарска, позитивните и негативните одлуки, како и  позитивните и негативните рецнзии за неа. Зачудувачки е како може да дозволиме некои работи да поминуваат така во државава. Очекував барем претседателот на Судскиот совет да ја каже биографијата на Кацарска за да дискутираме како пратеници. Срамота, рече Мицевски.

Пратениците претходно го изгласаа Предлогот со кој на Панче Орцев му престанува функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија пред истекот на мандатот, поради исполнување на условите за старосна пензија.

На почетокот на седницата Сурија Рушити од Алијанса на Албанците исто така имаше процедурална забелешка околу тоа што Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците не закажува седница за измените на Изборниот законик. Тој тоа го протоколкува како опструкција, Алијанса и Алтернатива да немаат членови за претстојните локални избори на што претседателката на Комисијата Соња Мираковска рече дека во текот на денов ќе закаже седница по што ќе се создадат услови во наредните денови на дневен ред да дојде и оваа точка.

Спикерот Џафери соопшти дека Собранието ќе работи само по оние точки за кои се создадени деловнички услови. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот