Пауновски: Одбраната на интегритетот и професионалноста на институцијата не наидоа на разбирање од премиерот

Стојко Пауновски, кој денеска беше расрешен од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат, на својот Фејсбук профил изрази огромна благодарност до сите граѓани кои, како што напиша, во мојот „пркос“ ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна Европска институција.

– Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот. При ова обраќање, сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во ДПИ кои во оваа битка застанаа рамо до рамо со мене и докажаа со факти дека сите одлуки ги носевме заедно, без разлика што јас им бев претпоставен. Горд сум на се што направивме заедно! Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав, напиша Пауновски на Фејсбук.

Во соопштението од владината прес-служба беше наведено дека Пауновски е разрешен поради неговото непрофесионално однесување.

– Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување. Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според Законот за Државен пазарен инспекторат, стои во соопштението од владината прес-служба.

Разрешен директорот на ДПИ, Стојко Пауновски

Влада: Пауновски е разрешен поради негово непрофесионално однесување

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот