Пауновски контра Бектеши: Министерот не му ја предаде лабораторијата за нафтени деривати на ДПИ

Лабораторијата никогаш не ни беше дадена и истата не е употребувана од наша страна, бидејќи министерот за економија не дозволи таа да оди под владение на инспекторатот, напиша на својот фејсбук профил поранешниот директор на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски. Тој ги негира обвиненијата од министерот за економија Крешник Бектеши и вели дека нафтената индустрија во земјава, иако претставува еден од најголемите загадувачи на животната средина, повеќе од една деценија е оставена сама да си го контролира квалитетот на горивата.

-Ги негирам изнесените невистини од страна на министерот за економија Крешник Бектеши дека иако сме имале акредитирана лабораторија, истата не сме ја користеле.
Вистината е дека таква лабораторија беше набавена во 2019 година од страна на Владата, а јас, премиерот Зоран Заев и министерот Крешник Бектеши истата ја промовиравме заедно во јавноста како проект кој ќе ни помогне да вршиме квалитетна и независна контрола на нафтените деривати. Тоа требаше да биде револуција бидејќи дотогаш (и се уште), нафтената индустрија во земјава, иако претставува еден од најголемите загадувачи на животната средина, повеќе од една деценија е оставена сама да си го контролира квалитетот на горивата. Лабораторијата никогаш не ни беше дадена и истата не е употребувана од наша страна, бидејќи министерот за економија не дозволи таа да оди под владение на Пазарниот инспекторат. За тоа две години се води и спор помеѓу Инспекторатот и Бирото за метеорологија, на кого и беше доделена лабораторијата.
Претходно министерот за економија Бектеши рече дека е набавена независна мобилна лабораторија која е во сопственост на Бирото за метрологија на државата и го обвини директорот на Државниот пазарен инспекторат дека кажал многу невистини имајќи во предвид дека токму оваа мобилна лабораторија можело да се користи да се направат проверки, а тој ниеднаш не се обратил во Министерство за економија, ни во Бирото за метрологија, не ни ја известил Владата ако имал такви сознанија.

Бектеши: Директорот на Пазарен инспекторат кажал многу невистини за увозот на мазут

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот