Пауновски: Доставени се предлози за промена на дел од протоколите за угостителските објекти (ВИДЕО)

ДПИ ја има функцијата да врши надзор над примената на протколите, но да не дојде до судир за да има фер однос со угостителите. Инспекциските органи и понатаму ќе бидат на терен – рече Пауновски.

Директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски на денешната прес конференција истакна дека можни се измени на протоколите за работа на угостителските објекти.

– Од денот кога почнавме со спроведување протоколи и казнување ДПИ има поднесено 21 кривична пријава и пет се во фаза на постапка, тие денес или утре ќе бидат доставени. Констатирано е дека дел од угостителите се нерегистрирани. Во контролите регистрирани се прекршување по тој основ на 41 субјект, за кои има прекршочни пријави и издадени се платни налози. Да се почитуваат протоколите, да не прибегнуваме на мерка на затворање на угостителите. Во неколку наврати имавме состаноци со претставници на угостителите во врска со протоколите, дел може да се поправат. Доставивме предлог до Владата и Комисијата за здравство истите да се изменат со цел оленување на работата на угостителите. ДПИ ја има функцијата да врши надзор над примената на протколите, но да не дојде до судир за да има фер однос со угостителите. Инспекциските органи и понатаму ќе бидат на терен – рече Пауновски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот