Патнички воз усмрти маж кај Градско, во прекин железничкиот собраќај на релација Гевгелија – Скопје

Фото: МИА

Патнички воз што сообраќал во утринските часови на релација Гевгелија – Скопје, на железничката станица кај Градско удрил во едно лице, кое починало на самото место. Поради сообраќајната несреќа железничкиот собраќај е во прекин, соопшти Регионалниот ЦУК Велес по информацијата добиена од Македонски железници.

РЦУК – Велес известува дека станува збор за маж кој бил роден 1960 година.

-По пристигнувањето на екипата на Итна медицинска помош од Велес веднаш била констатирана смрт, што настапила од ударот на возот. Јавниот обвинител треба да го потврди тоа, наведуваат од РЦУК Велес.

Од страна на екипи на СВР Велес и Јавен обвинител сè уште се врши увид на местото на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот