Патнички авион над Русија се подготвува за принудно слетување

профимедиа

Патнички авион Боинг 737 на компанијата „Нордик ерлајнс” на лет од Краснојарск кон Москва се подготвува за принудно слетување на аеродромот од кој полетал поради проблеми со заткрилцата (флапсови), соопшти прес-службата на аеродромот.

Во авионот има 100 луѓе, јавија руските медиуми.

– По полетувањето, заткрилцата на авионот „Боинг 737″ на компанијата „Нордстар ерлајнс” не успеаја да се повлечат, па екипажот одлучи да го потроши горивото и да се врати на аеродромот во Краснојарск, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот