Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Патничка паднала во автобус на ЈСП, тешко е повредена

Патничка во автобус на ЈСП, на возраст од 84 години, е тешко повредена откако паднала додека се возела во автобусот, на крстосница во скопската населба Капиштец, соопшти полицијата.

„Во СВР Скопје вчера во 11:00 часот било пријавено дека во градски автобус на крстосницата од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Франклин Рузвелт“ во Скопје, паднала 84-годишната патничка Е.Д. од Скопје. Жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Многу пијан Канаѓанец се силел во охридска кафеана, завршил во лисици

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот