Фото: Миа

Пасошот на Јапонија најмоќен во светот, на кое место е македонскиот?

По јапонскиот пасош, следуваат пасошите на Сингапур, Јужна Кореја, Германија, Италија, Финска, Шпанија, Луксембург и на Данска.

Најмоќниот пасош во светот е јапонскиот, чии сопственици може да патуваат без виза во 191 земја, а од регионот најдобро рангиран е хрватскиот пасош, кој се најде на 20. место, пренесува Index.hr.

Пасошот на Србија е на 39. мресто, на Црна Гора е на 46., веднаш потоа на 47. место е пасошот наСеверна Македонија, 52. место го зазема пасошот на Босна и Херцеговина, а пасошот на Косово е на 99. место.

По јапонскиот пасош, следуваат пасошите на Сингапур, Јужна Кореја, Германија, Италија, Финска, Шпанија, Луксембург и на Данска.

Најслаб е авганистанскиот пасош, со кој може да се патува без визи во само 26 земји.

Ирачките и сириските пасоши, сомалиските и пакистанските документи, како и пасошите од Јемен и Либија се рангираат малку подобро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот