Фото: EPA/TOMS KALNINS

Партизан брзо најде замена за Тајрик Џонс

Српскиот кошаркарски клуб Партизан официјално го потврди доаѓањето на Тоње Џекири, кој стана ново засилување на „црно-белите“ на позицијата центар.

Информацијата беше објавена преку социјалните мрежи на клубот, кратко по заминувањето на Тајрик Џонс во редовите на грчкиот Олимпијакос.

Џекири е 31-годишен кошаркар од Нигерија, кој играше за ЦСКА Москва од 2023 година. Џекири има богато искуство играјќи на највисоко европско ниво, претходно носејќи ги дресовите на АСВЕЛ, Басконија, УНИКС и Фенербахче во Евролигата.

Во елитното европско натпреварување, Џекири одигра 106 натпревари, со просек од 6,8 поени и 5,5 скока по натпревар.

Во текот на тековната сезона во дресот на ЦСКА, тој забележа 7,7 поени и 4,7 скока по натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот