Партијата на Албин Курти инсистира Ветон Сурои да биде шеф на косовската дипломатија

Фото: „Газета експрес“

Партијата на Албин Курти веќе прави напори Ветон Сурој да биде министер за надворешни работи на Косово.

Извори на „Газета Експрес“ од партијата Самоопределување изјавиле дека поранешниот лидер на партијата „ОРА“, Ветон Сурои, може да стане шеф на косовската дипломатија.

Сурои кој е поранешен новинар и автор на неколку книги, беше близок со Самоопределување откако не успеа да го надмине прагот во изборната трка во 2007 година. Тој на последните избори јавно се изјасни за победата на опозиционите партии Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово.

Основачот на косовскиот весник „Коха Диторе“ се спомнуваше и за шеф на косовската држава во 2011 година, но тоа место беше резервирано за Атифете Јахјага.

Припадниците на згаснатата партија на Сурои, веќе се дел од ДСК и во Самоопределување и имаат високи позиции во овие партии.

Како што пишува „Газета Експрес“, Самоопределување и ДСК веќе бараат имиња за министри и надвор од овие партии за да формираат што покредибилна влада. Освен за дипломатија, Албин Курти и Иса Мустафа барат имиња кои не се компромитирани за да ги именуваат во министерствата.

Инаку, Албин Курти за првпат победи на избори со 32 пратеници, додека ДСК е втора со 29 пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот