5 C
Скопје

Партиите ќе поминат неказнето за предвреме одржаните митинзи

Очекувавме политичките партии да пројават совест и да не функционира се врз основа на казни, изјави членот на Антикорупциската комисија, Катица Николовска, одговорајќи на прашањето зошто и ДКСК, но и Државната изборна комисија се прогласија ненадлежни за пријавите за предвремено започната кампања, што пристигнаа од учесниците во изборниот процес. Од Антикорупциска креваат раце и велат дека поради вонредната состојба практично ниту еден орган не може да ги санкционира партиите, кои пред официјалниот старт на изборната кампања организираа партиски собири и трибини, делеа пропаганден материјал, а имаше и случаи на политичко рекламирање во дел од медиумите.

– За време на вонредна состојба беа укинати активностите на органите, на државните институции, како на Државната комисија за спречување корупција, така и на ДИК. Немаше кој да постапува. Во вонредна состојба не важат правилата за изборните процеси. Немаше ниту владина уредба во тој период која ќе предвидеше вакво постапување, тврди Николовска.

Прочитајте и...  Словенија сака да ја воведе вакцината Спутник В и чека одобрение од ЕМА

Негодување што партиите ќе поминат неказнето за нарушување на изборните правила, пристигна и од невладината организација ЦИВИЛ, што го набљудуваше избирачкиот процес.

– Не ни е чудно што Антикорупциската комисија тврди дека не е надлежна во конкретната ситуација. Чувар на законитоста на изборниот процес е Државната изборна комисија. Ако ДИК нема одговор за нерегуларностите, не знам кој друг би бил надлежен. ЦИВИЛ костатира бројни случаи на нарушување на демократските стандарди. Иако била прогласена вонредна состојба во ниту еден случај не треба да се анулираат постоечките закони за изборниот процес, изјави за Слободен печат Џабир Дерала.

И од ДИК сметаат дека нема основ да постапуваат по членовите од Изборниот законик, бидејќи кога се одржувале партиските настани за кои има пријави се уште била на сила вонредната состојба. Дополнително, од ДИК велат дека не знаат зошто Антикорупциската комисија воопшто им го испратила приговорот и им предложија повторно да го разгледуваат.

Прочитајте и...  Суспензија за ДУП нема, побарана е дозвола за градба, на повидок е изградба

За време на вонредната состојба Владата единствено издаде уредба за прашања поврзани со изборите, во која се наведува дека од нејзиното стапување на сила па се до престанокот на вонредната состојба не се применува членот 8-а од Изборниот законик, за кој надлежна за постапување е Антикорупциската комисија. Истото се однесува и на членот 69-а, што се однесува на роковите за започнување на изборната кампања, што де факто ги „озакони“ неправилностите во однос на партиските собири пред почетокот на кампањата, што финишираше на 15 јули.

 

Поврзани вести

Русија испрати 15 воени бродови во Црно Море

Слободен печат

Новомаалци разочарани од соседите од Градски ѕид

Слободен печат

Османи: Околу 2000 граѓани имаат нерешен статус на државјанство, темата да не се „киднапира” за дневна политика

Слободен печат

Поранешен перуански претседател доби 10-годишна забрана за јавна функција бидејќи се вакцинирал преку ред

Слободен печат

Одбраната на Камчев најави кривични пријави против судиите

Слободен печат

Османи добил уверување дека Јанша не стои зад нон-пејперот, очекува уште слични обиди

Слободен печат

Остави Коментар