Парламентарни избори во Узбекистан

фото; Принтскрин

Во Узбекистан денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои учествуваат пет партии кои го поддржуваат реформистичкиот претседател Шавкат Мирзиоев.

Денешните избори се први откако Мирзиоев ја презеде власта во 2016 година по смртта на Ислам Каримов, кој 27 години владееше со поранешната советска република со население од 33 милиони.

Мирзиоев, кој претходно беше премиер, вети дека земјата ќе ја отвори кон светот, по неколкудецениска целосна изолација.

Изборите се одржуваат според модернизиран изборен систем по кампања во која за првпат во историјата на Узбекистан се одржуваа телевизиски дебати на кандидатите.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ, сепак, во својот извештај наведе дека треба да се направат уште многу работи, а препораките на организацијата се однесуваат на правата на собири, здружување и изразување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот