Фото Слободен печат

Паралелни средби на „огнените“ и на министрите на ДУИ со базата: По Меџити, Ахмети ќе се растрча по ограноците

По средбата на „огнената група“ со партиската структура минатиот викенд во Студеничани, лидерот на ДУИ Али Ахмети и сопартијците кои не се дел од „огнените“, од сабота тргнуваат во офанзива на паралелни средби со базата. Во ист ден на 14 јаануари Ахмети, министрите и дел градоначалници ќе почнат серија информативни средби под мотото „Заедно за Европа“ со ограноците на ДУИ, а првиот состанок е закажан во  Чегране гостиварско, додека „огнените“ предводени од потпретседателот Изет Меџити, организацискиот секретар Блерим Беџети и претседателот на надзорниот одбор на ДУИ Муса Џафери, во Битола ги продолжуваат средбите со партиската база на која елаборираат за неуспесите на министрите на ДУИ во изминативе две години со барање за смена на првиот вицепремиер Артан Груби и другите министри.

За паралелните средби и двете завојувани страни во ДУИ информираат преку Фејсбук.

„Во согласност со одлуката на Генералниот совет, на 14 јануари претседателот Али Ахмети придружуван од неговите сопартијци ќе започне средби со локалните партиски структури во ограноците на Демократската унија за интеграција и со граѓаните на тие  општини. Првиот состанок ќе се одржи во сабота во Чегране, гостиварско, со почеток во 19 часот. Се гледаме и разговараме, напиша Груби на Фејсбук.

За средбите инфппрмира и претседателот на огранокот на ДУИ во Гостивар, Валдет Џафери дека Ахмети ќе посети неколку населени места од тој огранок.

„Покрај посетите, Ахмети и министрите од ДУИ ќе одржат и информативна средба со мотото „Заедно за Европа“. Лидерот на ДУИ, Ахмети, од сабота на 14 јануари до сабота наредната недела на 21 јануари ќе посети многу населени места во Гостивар. Со мотото „Заедно за Европа“, г. Ахмети ќе оствари информативни средби со граѓаните на Гостивар, почнувајќи од Чегране, а завршувајќи со Младинскиот форум. Агендата и информациите за средбите што ќе ги оствари лидерот Али Ахмети со граѓаните во Гостивар, беа во фокусот на средбата што се одржа синоќа со претседателството, лидерите на локалните совети, општинските советници, претставници и членови на Генералниот совет од огранок Гостивари, се вели во соопштението на Џафери.

Партискиот потпретседател од „огнените“ Изет Меџити и организацискиот секретар Блерим Беџети информираат дека во сабота, во 19 часот во Битола ќе одржат  средба со битолските ограноци за да го слушнат нивниот глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот