Папата Бенедикт се повлекол поради несоница

Поранешниот папа Бенедикт XVI/ Фото PA-EFE/ETTORE FERRARI

Починатиот папа Бенедикт како главна причина за оставката ја навел несоницата, пишува во негово писмо, чија содржина денеска ја пренесоа германските медиуми.

Од почетокот на неговиот понтификат, Бенедикт речиси „постојано” го мачела несоница, се наведува во писмото напишано неколку недели пред неговата смрт.

Во писмото до неговиот биограф Петер Зевалд, до кое дојде германското списание „Фокус”, Бенедикт вели дека „силните” таблети што ги препишал неговиот лекар му овозможиле да ги исполни своите должности на папа.

Тие лекови, меѓутоа, „дојдоа до своите граници”, наведува тој во писмото од 28 октомври минатата година.

Несреќата за време на посетата на Мексико и Куба во март 2012 година ја забрза неговата одлука да се повлече. На првото утро од тоа патување, Бенедикт го нашол своето марамче „целосно натопено во крв”.

„Веројатно удрив во нешто во бањата и паднав”, напишал Бенедикт во писмото.

По тој инцидент, лекарот побарал намалена употреба на апчиња за спиење и инсистирал Бенедикт на идните патувања да учествува само во утринските настани.

Набрзо, меѓутоа, на папата му станало јасно дека ќе може да ги почитува овие медицински ограничувања само „кратко време”, што го натерало во 2013 година да објави дека се повлекува од должноста.

Бенедикт Шеснаесетти, роден како Џозеф Рацингер, го шокираше светот со својата објава дека станал првиот папа по речиси шестотини години кој се откажа од своите должности.

Самиот си ја одреди титулата „почесен папа” и продолжи да живее во Ватикан, со неговиот наследник Франциск.

Папата Бенедикт XVI почина пред еден месец, ослабен од болеста.

Тажна вест од Ватикан: Почина поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот