Паоло Коелјо се откажа од книгата што ја пишувале заедно со Коби Брајант

Речиси во тајност, популарниот писател Паоло Коелјо и кошаркарската ѕвезда Коби Брајант заедно пишувале книга, од која сега, по шокантната смрт на Брајант, Коелјо „крева раце“.

Светот му оддава почит на Коби Брајант по неговата трагична смрт. Познати личности од шоубизнисот, уметноста, политиката и бројни спортсти се простуваат од шампионот на НБА, кој почина на 41-годишна возраст во хеликоптерска несреќа. Меѓу нив е и Пауло Коелјо, славниот писател кој имаше проект со кошаркарот: изготвување на детска книга. Проект што никогаш нема да се оствари.

Замислата на соработката на писателот Паоло Коелјо и кошаркаската ѕвезда Коби Брајант во пишување на книга била многу благородна – да ги поттикнат децата да се занимаваат што повеќе со спорт. Но, според зборовите на Коелјо, оваа книга повеќе нема смисла.

-Беше повеќе од одличен играч, драг Коби Брајант. Научив многу од комуникацијата со тебе. Ќе го избришам нацртот токму сега, оваа книга ја изгуби својата причина, напишал 72-годишниот бразилски писател Паоло Коелјо на својот Твитер профил.

– Нема смисла книгата да се објави без него, рекол Коелјо за „Асошиејтед Прес“. – Нема да донесе ништо релевантно за него или за неговото семејство, додал тој, истакнувајќи:

– Ова не ме спречува еден ден да напишам за работите што ги научив од Коби и колку тој беше голема личност. Но, детската книга повеќе нема смисла.

Инаку, заедничката книга за деца на Коелјо и Брајант се „родила“ во 2016 година, кога започнале да ја пишуваат. Минатиот август стигнала последната порака на Коби до писателот, а во неа пишувало – Одлично ќе ја направиме оваа книга заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот