Пантер наводно се шета по нивите во Војводина, ловџиите не веруваат
Јавното претпријатие „Војводинашуме“ од Петроварадин соопшти дека во атарот на општината Апатин бил забележан црн пантер.
Препорачано
Според властите, „предаторот е многу опасен“.
Во шумите околу Апатин, Пригревица и Сонта, можете да видите диви свињи, срни, лисици, чакали, a иако приказната за наводно присуство на пантерот во околината веќе достигна неверојатни размери, ловците не веруваат многу во таа приказна, пишува РТС.
„Секој ден имаме над сто луѓе кои ловат и никој ништо не забележал. Веројатно се работи за ловечка приказна“, вели Илија Дрљача, претседател на Ловечкото друштво Курјачица од Пригревица.
„Еден колега ловочувар обиколи сѐ и не најде траги“, вели ловочуварот Радован Дамјановиќ.
Единствената трага е необичен отпечаток од шепа што бил пронајден, но самото животно не е видено. Ова во телефонски разговор за РТС го потврди Михајло Ивошевиќ, ловочувар на Ловечкото друштво Сонта, кој секојдневно е во ловиштето.
Дополнителна сериозност сепак даде и соопштението на Шумското стопанство Сомбор кое предупреди дека во атарите на општина Апатин е забележан црн пантер. Известувањето е дадено како мерка на претпазливост.


