стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Паника во Кисела Вода – две лименки со натпис „топовски удар“ се пронајдени во напуштена куќа

Вчера во 11:41 часот во СВР Скопје, С.С.(65) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода, додека чистела во напуштена куќа, сопственост на нејзините родители, пронашла две лименки завиткани во сeлотејп, на кои пишувало „топовски удар“ и на нив имало фитили, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Излезено е на местото на настанот од полициски службеници и предметите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, навеедно е во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот