Паника во Германија: Потенцијален исламски терорист работел во службата за миграции

Фото: ЕРА

Германската влада потврди дека потенцијален исламистички терорист е вработен во државната служба за миграции.

Министерството за внатрешни работи тоа го објави додека во тек е истрага за работа на агенцијата за миграции која ја покрена левичарската парламетарна група во Бундестагот.

Откако истрагата за тоа лице се уште трае, малку информации се јавно достапни.

„Сојузната влада е свесна за конкретниот сомнителен случај во врска со исламизмот и исламистичкиот тероризам“, објави министерството.

Сомнителното лице работи во Сојузната канцеларија за миграции (Бамф), која е надлежна за барањата за азил, интеграции и случаи на репатријација. Бамф е под надлежност на министерството за внатрешни работа.

Истрагата на полицијата исто така открила дека поранешниот член на екстремно десничарската НПД е отпушен од Бамф во 2017 година.

Поранешниот вработен во своите објави на социјалните мрежи го разоткрил својот „ксенофобичен став и противењето на азил“ и со презир коментирал Евреи, жртви на нацистичкиот режим, се наведува во извештајот.

Во текот на краткото вработување во агенцијата работл на контрола на квалитето на професионалните курсеви по странски јазици и не донесувал никакви одлуки врзани за азил, открила истрагата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот