Фото: Принтскрин

Паника на аеродромот во Даблин – воени дронови го следеле авионот на Зеленски

Авионoт на украинскиот претседател Володимир Зеленски бил следен од четири воени дронови пред да слета во понеделникот на аеродромот во ирската престолнина Даблин, објави „Independent“.

Дроновите тргнале од една локација на североистокот од Даблин и потоа полетале кон авионот на украинскиот лидер, со што била прекршена забранетата зона за летање.

Ирската национална полиција Гарда го истражува инцидентот, но засега не успеала да утврди од каде полетале дроновите ниту кој можел да ги контролира. Исто така се обидуваат да утврдат дали дроновите тргнале од копно или од некој брод кој поминал „под радар“.

Безбедносните служби на Ирска соопштија дека дроновите биле големи и од воен тип, и дека инцидентот може да се смета за хибриден напад.

Посетата на Зеленски беше прва посета на украински претседател на Ирска и се случи во момент кога тој се обидуваше да ја зацврсти поддршката од европските лидери, додека се во тек преговори за завршување на војната во Украина, предводени од Соединетите Американски Држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот