Паника и очај на улиците на градот Мариопол

Украина / EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

На улиците на украински Мариупол владее очај и паника по почетокот на руската инвазија. Жителите во голем страв побрзаа кон банкоматите, а забележан е и голем број возила кои излегуваат од градот.

Многу жители во страв бараа засолниште, мајките со деца се прашуваа што сега? Каде да се оди, со кого да се контактира, бидејќи нема планови за евакуација.

EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, прогласи вонредна состојба, велејќи дека Русија започнала со инвазија и напаѓање на воената инфраструктура на Украина.

Украинците кои долго време се подготвуваа за можноста за напад, но не знаеја точно кога ќе се случи, беа повикани од властите да останат дома и да не паничат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот