Пандовски: Високите стандарди на ЕУ се многу полезни за справување и борба со корупцијата
„Високите стандарди, механизми и пракси кои ги воспоставува Европската Унија се многу полезни за справување со постоечката корупција и ја издигнуваат борбата против корупцијата на сосема поинакво, повисоко и поефикасно ниво“, изјави за ММС, Благоја Пандовски, првиот човек на Транспаренси Интернешнл Македонија.
Препорачано
Тој додава дека праксата и пресудите на Европскиот суд на правдата се многу значајни за земјите членки во сите области а особено во делот за борбата против корупцијата и овозможување на функционирање на правото на Европската Унија кое е секогаш со повисока правна сила во однос на националното право на земјите-членки.
„Непристрасноста, интегритетот и високиот стандард при донесувањето на одлуки од страна на судовите се круцијални за заштита и остварување на владеењето на правото. За воспоставување на независно судство потребно е коренско елиминирање на надворешните влијанија врз судството и обезбедување на соодветни финансиски ресурси и обука. Членството во Европската Унија и прифаќањето на европските договори, регулативи и директиви кои наметнуваат високи стандарди се од особено значење за дефинирање и водење на борбата против корупцијата“, изјави Пандовски.


