Пандев: Навивачите да ни помогнат да ја урнеме Полска

Фудбалската репрезентација на Македонија во одлична атмосфера ги очекува натпреварите од квлаификациите со Полска (7 јуни) и Австрија (10 јуни) кои се играат на Националната арена „Тодор Проески“. Фудбалерите по две кола имаат четири бодови, со позитивни исходи во дуелите со фаворизираната Полска и Австрија, ќе го трасира патот кон пласман на ЕП 2020 година.

Полска е лидер во групата Г со шест бодови од двата натпревари, но капитенот Горан Пандев верува дека може да се дојде до позитивен исход со фаворизираната селекција.

– Атмосферата е одлична, добро се подготвуваме и знаеме што нѐ чека – два тешки мечеви. Но, во моментов сме концентрирани само за Полска, а овој меч е тој што ќе ни го покаже правиот пат кон кое место ќе одиме. Мислам дека можеме да победиме со што би биле чекор поблизу да играме на ЕП 2020. Мислам дека со помош на публиката можеме да дојде до поволен резултат, знаеме против кого играме, и какви поединци имаат Полјаците но ние сме подготвени за нив – вели капитенот Пандев.

Селекторот Игор Ангеловски исто така смета дека неговите избраници се подготвени да ја изненадат Полска.
– Како и на претходните мечеви, одиме да се бориме и да се избориме за позитивен резултат. Моите фудбалери ќе го остават последниот атом од силите за да стигнат до успех. Знаеме кој ни доаѓа, Полска е квалитетна селекција која нѐ мотивира и против која сакаме да докажеме дека вредиме. Овие фудбалери покажаа дека се спремни да гинат за Македонија, а тоа најдобро го покажаа повредените, кои успешно минаа еден рехабилитациски процес и секој ден покажуваа таква волја за да бидат во тимот, што е нешто кое покажува сѐ. Покажаа дека многу го ценат дресот и дека се подготвени. Тоа најмногу ме радува – вели Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот