Панчев и Начевски судии, ДНК, Лозано, Весна Бејби и Сара Мејс натпреварувачи: „Седи си дома Талент поу“ во „Еден на Еден“

Кој најдобро може да се снајде со пејачки предизвици: Лозано, Панчо од ДНК, Андреј од ДНК, Сара Мејс или Весна Бејби, ќе гледаме во новата Еден на Еден – „Седи си дома Талент шоу“, во недела на Канал 5 од 18.30.

Ова е четврта по ред емисија која Жаре ја снима од дома, а овој пат познатите личности ќе бидат дел од Талент шоу. Секој светски познат музички натпревар си има свое жири, а судиите во овој се Дарко Панчев и Ѓорѓи Начевски.

Жаре им смисли интересни правила на натпреварувачите, во четири рунди: Да испеат една весела песна, една тажна песна, една странска и една странска песна преведена на македонски. И уште едно правило: Никој не смееше да фаќа врки кај судиите кои оценуваа за избор на песна, за изведба и за сценски настап.

Сите таленти и судиите ни изјавија дека многу забавно си поминале на снимање, и имаа оригинален избор на песни. Кој е победникот во првото „Седи си дома Талент шоу“, ќе дознаеме во недела на Канал 5 од 18.30.

Во меѓувреме, погледнете ја најавата:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот