Пакистанка осудена со смртна казна поради ширење богохулие на Ватсап

Жени од Пакистан/ Фото Архива на СП

Судот во Пакистан осуди жена на смрт поради наводно ширење богохулие преку пораки на Ватсап и Фејсбук, пишува Гардијан.

Анека Атек (26) беше осудена во средата во Равалпинди. Таа го запознала својот обвинител, исто така Пакистанец, во 2019 година преку апликација за игри. Двојката комуницирала преку Ватсап.

Обвинителот рече дека Атек ширела богохулие и ги коментирала „светите личности“ на Ватсап, а објавувала и богохулна содржина на Фејсбук. Во обвинението се наведува дека таа „намерно ги сквернавела светите праведни личности и ги навредувала религиозните верувања на муслиманите“.

Таа доби и парична казна

Атек, која е активна муслиманка, ги отфрли обвинувањата, велејќи пред судот дека нејзиниот обвинител намерно ја вовлекол во верска дебата за да може да собере докази за „одмазда“ откако таа одбила да му биде пријателка.

Покрај смртната казна, Атик е казнета и парично и осудена на 20 години затвор. Смртната казна мора да биде потврдена од Високиот суд во Лахоре, а таа има право на жалба. Според пакистанскиот закон за богохулење, смртна казна е предвидена за секој што е виновен за тоа кривично дело. Иако смртните казни редовно се изрекуваат, многу од осудените често го поминуваат остатокот од својот живот во затвор.

Според групите за човекови права, обвиненијата за богохулење често се користат за заплашување на верските малцинства или за решавање на лични спорови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот