Падна авион на Ер Индија/Фото: Икс

Падот на „боингот 787“ на „Ер Индија“ не е поврзан со технички проблем во системот за снабдување со гориво

Шефот на Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФAA) изјави дека неодамнешната несреќа на „боинг 787“ на Ер Индија во Индија не изгледа дека е предизвикана од механички дефект или ненамерна промена во системот за контрола на горивото.

„Со голема сигурност можеме да кажеме дека се чини дека ова не е механички проблем во системот за контрола на горивото на боинг“, изјави Брајан Бедфорд за новинарите на маргините на аеромитинг, додавајќи дека експертите на ФAA темелно ја испитале оваа можност.

Воздухопловната трагедија се случи на 12 јуни кога „боинг 787“ на „Ер Индија“ се урна неколку секунди по полетувањето од Ахмедабад во северозападна Индија, на пат кон Лондон, при што загинаа 241 лице во авионот и 19 други на земја.

Нови моменти од истрагата за падот на авионот на Ер Индија: Капетанот страдал од депресија, го прекинал снабдувањето со гориво до моторите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот