Паднат оџак предизвика прекин на струја во Делчево

Очевидци велат дека оџакот паднал околу 10 часот, по што настанал прекинот на снабдувањето со електрична енергија.

Поради паднат оџак, дел од жителите во населба Звегорска река во Делчево се без електрична енергија. Од делчевската подружница на ЕВН информираат дека нивни екипи работат на отстранување на дефектот.

– Еден дел од дефектот е саниран со што жителите веќе имаат струја, додека на еден дел се работи и во текот на попладнето се надеваме дека истиот ќе биде отстранет, со што нормално ќе продолжи напојувањето со електрична енергија, информираа од ЕВН.

Очевидци велат дека оџакот паднал околу 10 часот, по што настанал прекинот на снабдувањето со електрична енергија.

Утрово краткотраен прекин на електрична енергија е забележан и во село Тработивиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот