Падна владата на Кицу, Романија ќе добие нов премиер

Романскиот политичар и поранешен премиер Флорин Кицу/ Фото EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Романскиот парламент денеска ја собори деветмесечната малцинска влада на премиерот Флорин Кицу со големо мнозинство гласови.

Романија е во политички ќор -сокак веќе еден месец, со што на земјата и се отежни економското закрепнување, пренесува Ројтерс.

Предлогот за гласање недоверба на владата беше поднесен од Социјалдемократската партија (ПСД), со слоганот „Стоп за сиромаштијата, зголемување на цените и казните. Долу владата на Кицу“.

Предлогот беше усвоен со 281 глас „за“ (доволни беа 234), објави романскиот портал „7Медиа“.

Социјалдемократската партија доби поддршка од партиите УСР (Коалиција за спас на Романија) и Алијансата за обединување на Романците.

Владата предводена од Флорин Кицу беше сменета помалку од десет месеци по нејзиното назначување – поточно по 278 дена, односно еден месец по повлекувањето на УСР -ПЛУС од владата.

Видео на денот