Падна Владата на Црна Гора

Влада на Црна Гора/ Фото: ЕПА

Парламентот на Црна Гора му изгласа недоверба на актуелниот кабинет на премиерот Здравко Кривокапиќ и со тоа го отвори патот за преговори за формирање нова влада во Подгорица.

Мнозинството гласови во Владата на Здравко Кривокапиќ изгласаа недоверба. За рушење на владата гласаа 44 пратеници, а 11 беа против, пишува РТЦГ.

Седницата се одржа со повеќе од пет часа задоцнување.

Претходно денеска на дневен ред на Собранието на Црна Гора се најде иницијативата за скратување на мандатот на парламентот во Подгорица, но ниту таа, ниту вчерашната за смена на вицепремиерот Дритан Абазовиќ не стигна на гласање.

Иницијативата за промена на Владата ја потпишаа партиите на опозицијата и Граѓанското движење УРА, кои имаат мнозинство во Собранието – 44 пратеници, од вкупно 81.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот