Падна словачката влада

Словачка/ Фото EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Пратениците на словачкиот Парламент денеска и изгласаа недоверба на коалициската влада на премиерот Едуард Хегер, што може да доведе до предвремени избори во таа земја.

За смена на малцинската влада, која се состоеше од три партии, гласаа 78 од 150 пратеници .

Либералната партија Слобода и солидарност, која иницираше гласање за доверба на владата, ја напушти владата во септември, обвинувајќи ги своите поранешни партнери за неспособност и недоволно агресивна борба против корупцијата.

Назначувањето на нов премиер е обврска на претседателката на Словачка Зузана Чапутова, а неколку партии посочија дека претпочитаат да се распишат предвремени избори, за што е потребна поддршка од две третини од пратениците.

Чапутова може да побара од владата на Хегер да продолжи да работи со намалени овластувања до евентуалното одржување на вонредни избори.

Последните анкети покажуваат дека опозицијата има добри шанси да победи на предвремените избори.

Редовните избори во Словачка треба да се одржат во февруари 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот