Овој рецепт сигурно не сте го пробале – палачинки од компири и шунка

Фото: Flickr

Ова убав рецепт сигурно ќе ви се допадне, но и на вашите гости ако го направите за празниците. По силната и обилна храна со која се гоштававме во текот на празниците, палачинките од компири и шунка се малку полесна закуска, а истовремено многу вкусна.

Состојки:

– 1 килограм компири
– 200 грама брашно
– 200 милилитри млеко
– 100 милилитри минерална вода
– 2 јајца
– 250 грама шунка
– 2 чешниња лук
– сол, бибер
– магдонос
– масло
– 1 лажица сув зачин од билки

Подготовка:

Компирите излупете ги, ситно изрендајте ги и исцедете ги. Додадете брашно, млеко и шунка, која сте ја исекле на ситни коцки.

Во смесата додадете изматени јајца, малку сол, бибер, исечканите магдонос, изгмечениот лук и зачините. На крајот додадете минерална вода.

Во тава загрејте малку масло и рамномерно во форма на палачинка распоредете ја подготвената смеса. Палачинките печете ги од двете страни, додека не добијат златно-жолта боја.

Кога ќе бидат готови, послужете ги со салата по избор.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот