Овие три хороскопски знаци изневеруваат најчесто и најмногу

Оние кои веруваат во астрологијата треба да водат сметка и за хороскопскиот знак на својот партнер, бидејќи според статистиката, припадниците на овие 3 најчесто изневеруваат.

Овен

Огнениот знак е познат по својот „краток фитиљ“ и изразен темперамент, но не само по тоа. Овните се познати и како многу страсни љубовници на кои сексуалната енергија им е многу важна. Бракот ретко ги смирува, напротив, многу припадници на овој знак лошо го поднесуваат. Либидото им е воглавно поголем непријател одошто пријател, бидејќи многу често не се во состојба да го контролираат. Тие заради „пеперутките во стомакот“ лесно ќе се впуштат во афера, па дури и ќе го променат партнерот, особено ако новата љубов им пружа поголема возбуда во кревет.

Вага

Заради својата неодлучност и претераната желба да остави добар впечаток, Вагата многу лесно ќе се впушти во флерт кој често може да прерасне во нешто друго. Припадниците на овој хороскопски знак се многу страсни, но истовремено и многу фантазираат за филмска љубов во која во се ќе им се угодува. Заради тоа лесно паѓаат на комплименти, што може да биде многу опасно.

Стрелец

Уште еден огнен знак кој не може да си го замисли животот без секс. Ќе направи прељуба, но не заради своите емоции, туку исклучиво водејќи се од своето либидо. Стрелците не гледаат на изневерувањето како на неморален чин, туку повеќе како на спорт кој едноставно мора да го практикуваат одвреме-навреме. Припадниците на овој знак обично водат грижа за својот физички изглед, а познати се и по својот шарм на кој ретко кој може да му одолее.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот