Овие јадења никако не приготвувајте ги на 31 декември, носат голема несреќа!

Фото: Flickr

На новогодишната трпеза обично има многу различни специјалитети, и солени и слатки, но некои јадења, сепак, е подобро да ги прескокнете за да ве следи среќа во новата година.

Откриваме која храна не треба да биде на менито ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари.

Пилешко и мисирка

Ако не сакате среќата да ви одлета, тогаш подобро е да избегнувате пилешко и мисирка. Птиците, кога ги чистат пердувите, гледаат наназад. Тоа може да значи дека живеат во минатото. Ако сакате месо, тогаш свинското месо е подобар избор, бидејќи свињите однапред ја копаат земјата.

Ракчиња

За Нова година не подготвувајте салати и храна со јастози и ракчиња, доколку не сакате да се соочите со многу неуспешна 2023 година. Овие животни се движат наназад или настрана, а не напред. Не треба целосно да се откажете од морската храна, туку да ја замените со риба, како лосос или туна.

Воздушен леб

Избегнувајте воздушен леб на новогодишната трпеза. Голем број воздушести отвори во лебот се сметаат за знаци на смрт. Единствено можете да јадете кружен леб, бидејќи во тој случај круговите претставуваат среќа.

Ориз

На трпезата не смее да има ниту бела храна, бидејќи во кинеската традиција се смета дека носи лоша среќа и ја симболизира смртта. На новогодишната вечера треба да се заборават тофу, јајца, ориз, карфиол и бело сирење. Подобро е да се подготвува храна со посилни бои, како зелена и жолта, кои означуваат среќа и просперитет. Среќа носат и портокалите, па тие може да се послужат по главниот оброк.

Шкампи и школки

Шкампи, бакалар, школки се сметаат за лоша среќа на трпезата, бидејќи  храната ја земаат од дното на океанот. Ако во 2023 година не сакате да живеете во исчекување на лоши работи, тогаш не подготвувајте јадења со овие производи.

Банани

Бананите се предвесници на лоши настани, пишува порталот „Делиш“. Подобро би било оние кои ги сакаат, да се откажат од бананите до следната година.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот