Оваа титула можеше да ѝ го спаси животот на принцезата Дијана

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Целиот свет, буквално, беше облеан во солзи кога принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа во Париз пред 25 години. Бракот на принцот Чарлс и принцезата од Велс траеше 15 години, но на „стаклени“ нозе.

Во 1996 година, кралицата објави пред Парламентот дека принцот од Велс и Дијана се разведуваат и дека ќе стори сé за нивните деца да пораснат со подеднакво внимание од двајцата родители.

Венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дијана
Венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дијана / 29 јули 1981 / Фото: TopFoto / Topfoto / Profimedia

По разводот, Дијана доби користење на дел од Кенсингтонската палата, 17 милиони фунти и нејзината слобода, но кралицата ѝ ја одзема титулата „HRH“ (Нејзиното кралско височество), оставајќи ја како само Дијана, принцезата од Велс.

Ова значеше дека обичните и пониските благородници повеќе не мораа да ѝ се поклонуваат и таа ги загуби различните придобивки што ги носи титулата „HRH“. Наводно, 15-годишниот принц Вилијам тогаш ѝ ветил на мајка си дека ќе ѝ ја врати титулата кога ќе стане крал.

Принцезата Дијана и принцот Чарлс со нивниот син Вилијам
Принцезата Дијана и принцот Чарлс со нивниот син Вилијам / Фото: TopFoto / Woodmansterne / Topfoto / Profimedia

Иако во тоа време се чинеше дека губењето на титулата „HRH“ Дијана ќе ѝ донесе само слобода, тоа не беше случај. Некои веруваат дека титулата можела да ѝ го спаси животот.

Принцезата Дијана на балетската претстава „Лебедово езеро“ во Лондон / 3 јуни 1997 / Фото: James McCauley / Capital pictures / Profimedia

Имено, членовите на кралското семејство, кои ја имаат титулата „HRH“, имаат најдобро можно 24-часовно обезбедување. Оттука доаѓа дилемата за тоа дали оваа титула можеше да ѝ го спаси животот на принцезата Дијана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот