Овој европски град е најдобра дестинација за туристи кои патуваат сами

Главниот град на Чешка, Прага, го зазеде второто место на листата на најдобри светски дестинации за соло патници, додека Токио е на прво место во светот, покажува најновата студија на туристичкиот оператор „Планет Круз“. Всушност, Прага е на врвот на листата како дестинација за соло туристи во Европа.
Истражувањето опфати пет фактори, и тоа безбедност, просечна цена на ноќевање во хотел, достапност на активности, атракции, цена на билет за јавен превоз и општа атмосфера. Според овие критериуми, Прага доби оценка 4,6 од 5 и е особено добро рангирана кога станува збор за безбедноста.

Гостопримливоста на мештаните не е лоша ниту за овој град, но во оваа категорија Виена е сепак подобра.
Иако просечната цена на една ноќ во Прага е 113 долари, таа особено се издвојува по бројот на атракции, од кои има повеќе од 4.000.
Ќе ве воодушеви: Овој португалски град е најевтината дестинација за викенд посета