Зоран Милановиќ / Фото EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Ова се грозни времиња, вели Милановиќ: Насилство, дивјаштво, газење и презир кон меѓународното право

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека живееме во ера која е „грозна“ и дека ни се случуваат „недели и години на насилство, дивјаштво, газење и презир кон меѓународното право и норми, и тоа од оние кои најмногу се повикуваат на нив“.

„Времињата се ужасни. Хрватска во овие времиња, можеби за првпат во историјата, ужива во позицијата – среќа е што се наоѓа на релативно мирно и безбедно место“, рече Милановиќ синоќа на свечена седница на Општинското собрание во Вела Лука, на островот Корчула.

Милановиќ порача дека денес Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не дозволи да биде заведена од никакви големи фрази и слогани за солидарност со кого било, или за помош на оваа или онаа страна.

„Да се водиш според тоа да не изневериш некои темелни човечки принципи, начела и поставки – тоа за Хрватска треба да биде водечка линија“, додаде Милановиќ.

„Хрватска, како ретко кога во историјата, има можност да се фокусира на себе, на своите работи и исклучиво од таа перспектива треба да носи одлуки. И да се надева дека оваа бура и ова време на зло ќе помине, дека ќе дојдат подобри времиња. А до тогаш, се држиме заедно“, порача хрватскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот