Ова овошје не смеете никогаш да го јадете на празен желудник!

Profimedia

Ова овошје ви носи повеќе штета, отколку корист.

Наутро често посегнуваме по некое овошје и јадеме за доручек. Но, таа навика сепак би требало да ја прескокнеме.

Посебно доколку конзумираме банана на празен желудник. Бананите се практично овошје: веднаш се лупат, слатки се, заситуваат и ни даваат полно енергија. Позитивно делуваат на здравјето, па стручњаците советуваат да јадеме до 3 банани дневно.

Но, ова овошје има една мала мана. Доколку го конзумирате на празен стомак, нагло ќе ви се накачи шеќерот во крвта. Исто така, го зголемува нивото на киселина во телото. Доведува и до замор.

Набрзо ќе огладнете

Дури до 25% од бананите се состои од шеќер. Доколку ја јадете на празен желудник, нагло ќе порасне нивото на инсулин, но многу брзо повторно ќе падне. Така телото многу брзо одново ќе развие чувство наглад, ако не и силен напад на глад.

На хранливите материи им треба помош

Во бананата се наоѓаат многу хранливи материи како што се витамин Б6 или калиум. Меѓутоа, добро се апсорбираат во телото ако ги конзумирате со други намирници.

Доколку веќе сакате да јадете банана за доручек, помешајте ја со мусли, јаткасти плодови и мед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот