Ова не е „дрим тим“, ова е „ноќна мора“ тим

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Очекувано, бројни се реакциите по поразот на кошаркарската репрезентација на САД на ОИ во Токио.

Репрезентацијата на САД е поразена од Франција со 83:76 во првото коло на кошаркарскиот турнир во Токио, што претставува прв пораз на „дрим-тимот“ на ОИ уште од 2004 година.

По мечот, очекувано на социјалните мрежи имаше доста коментари, кошаркарите се најдоа на удар на фановите кои немаат голема верба дека „дрим-тимот“ е апсолутен фаворит за златниот медал.

– Кога ќе загубите натпревар не сте изненадени, вие сте разочарани. Не го разбирам зборот „изненаден“. Тоа не би било чесно кон Франција, затоа што доколку кажеме изненадени бидејќи требало да победиме со 30 поени разлика. Франција е одличен тим и не знам зошто воопшто би се чуделе на овој пораз. Има многу одлични тимови во светот составени од НБА играчи. Јазот меѓу САД и остатокот од светот во кошарката се намалува секоја година – изјави по натпреварот, селекторот на САД, Грег Попович.

Фановите немаа милост кој селекторот Попович и НБА ѕвездите притоа коментирајќи на социјалните мрежи дека ова не е „дрим-тим“ туку е „ноќна мора тим“.

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот