Ова е најскапиот град за живеење во светот за 2021 година: Му ја презема титулата на Париз

Фото: Профимедиа

Најголемиот израелски град Тел Авив е најскап во светот, покажа анализата објавена во средата во британскиот магазин „Економист“.

Тел Авив го презеде водството од француската престолнина Париз, кој сега го дели второто место со Сингапур.

По трите споменати градови следат Цирих, Хонг Конг и Њујорк.

Анкетата за трошоците на животот којашто беше спроведена за оваа анализа опфатила 173 земји, а ги споредиле цените на повеќе од 200 производи и услуги.

Најголем пад на листата на најскапи градови бележи Рим. Главниот град на Италија падна од 32. на 48. место.

Највисоките цени на бензин се во Хонг Конг – 2,5 долари за литар.

Сирискиот главен град Дамаск е прогласен за најевтин град за живеење.

Со анализата е утврдено дека проблемите со синџирот на снабдување и противепидемиските мерки кои го ограничија производството и трговијата придонеле за зголемување на животните трошоци во многу градови.

Транспортните трошоци се зголемени поради растот на цените на горивата, а забележан е значаен пораста на цените на тутунот, производите за лична хигиена и забавните содржини.

Вака изгледа листата на топ 10 градови
Ова е рангирањето на десетте најскапи градови:

Тел Авив
Париз
Сингапур
Цирих
Хонг Конг
Њујорк
Женева
Копенхаген
Лос Анџелес
Осака

По нив следуваат Осло, Сеул, Токио, Виена, Сиднеј, Мелбурн, Хелсинки, Лондон, Даблин, Франкфурт и Шангај.

Видео на денот